Према квантната физика светлоста има двоен карактер, светлоста е и честичка и бран. Честичките на светлоста се викаат фотони. Фотоните се честички без маса и се движат со брзина на светлината. Енергијата на фотонот зависи од неговата бранова должина односно од фрекфенцијата.
Еден квадратен метар фотонапонски соларни панели може да произведе до 150w без одржување до 30 години. Тие можат да работат дури и на дифузно светло кога деновите се облачни но со помала излезна снага. Напонот ( U ) произведен од фотонапонски панели останува приближно ист без разлика на времето, али јакоста ( A ) и моќноста (w) ќе варираат.Највжен параметар при планирање на фотонапонски соларни инсталации е излезнатата моќност која воглавно звиси од четири фактори:
1. Максимална моќност на панелите (Wp)
2. Интензитет на светлина
3. Изложеност на сонце во број на саати
4. Агол на поставување
Фотоволтаичните панели се познати како произведувачи на електрична енергија од соларна енергија употребувајќи соларни ќелии кои се поврзани во фотоволтаични модули. Често се електронски поврзани во серија како соларни фотоволтаични низи кои сончевата светлина директно ја претвораат во електрична енергија. Поедноставно објаснување за работата на фотоволтаичните панеле е тоа што фотоните од сончева светлина удираат удираат во електроните и ги ставаат во поголемо енергетско ниво и така создаваат електрична енергија.
Соларните панели произведуваат права струја од светлината кој може да сеупотреби за придвижување на опрема или полнење на батерии. Првата практична примена на фотоволтаични панели била за придвижување на сателити и други вселенски летала. Ќелиите бараат заштита од околината иобично се конструираат на стаклени плочи. Кога е потребно повеќе струја него што може да произведе една ќелија тогаш ќелиите електронски се поврзуваат во таканаречени фотоволтаични модули , а модулитеповрзани помеѓе себе го прават соларниот панел. Еден модул е доволен за да наполни телефон за итни случаеви.
Работа при интензивна дневна светлина, максималната моќностс се изразува во (Wp), значи колкав број на вати (W) произведува панелот во оптимални услови, те. На пладне на директна сончева светлина пна ладно време. Максималниот интензитет на сонцето е 1,000 W/m2, следните фактори ќе звисат од количината на сонце и ќе влијаат на работата на фотонапонскиот панел.
1. временски услови ( облаци, магла и слично)
2. поставеност на сонцето на небото
3. број на сончеви денови
4. повраток на потрошена енергија
Првиот фактор полесно се свќа, 50 W панели би требало да произведат 50 W за секој саат од сонце 1,000 W / m2. Панелите ќе произведат пола од тоа (25 W) на саатдоколку се изложени на половина од таа светлост (500 W / m2). Дифузното светло кое поминува низ танките облаци би можело да дава околу 300 W / m2. Во могу лоши временски услови со дебели темни облаци, интензитетот на светлината би можел да падне на 100 W / m2 и ќе се произведат само 5 W по саат.
2. Вториот фактор, висината на сонцето над хоризонтот варира од годишните времиња. Кога сонцето е многу високо на небото ( лето ), неговите зраци побрзо патуваат низ атмосверата на пократка оддалеченост, него кога е ниско на небото ( зима ). Сончевите зраци се распрскани и стануваат повеќе дифузни при поминувањето низ маглата и загаденоста.
3. Третиот фактор прави најголем проблем за оние кои не живеат во близина на екваторот односно разликата во бројот на сончевите саати помеѓу годишните времиња. Затоа е битно панелот да биде добро наместен под оптимален агол.
4. Времето на повраток на потрошената енергија е времето кое е потребно за да се произведе фотонапонски панел, односно панелите треба да работат и да произведат енергија која епотрошена за да бидат произведени. Тоа време е една до неколку години а работниот век име околу 30 години.