Соларни Системи

Бест Солар

Соларни Системи

Колекторите се еден од најбитните делови од сончевите системи за затоплување на вода. Иако врз основа на различни принципи во физиката постојат најразлични модели на сончеви колектори, почнувајќи од интегрирани системи, системи со параболични огледала и многу други, сепак најкористени колектори кај нас и пошироко се

  • СОЛАРЕН КОЛЕКТОР ОТВОРЕН СИСТЕМ
  • СОЛАРЕН КОЛЕКТОР ЗАТВОРЕН СИСТЕМ
    • СО РАМНО СТАКЛО
    • СО ВАКУУМ ЦЕВКИ
  • СОЛАРЕН КОЛЕКТОР КОМБИНИРАН СО СПИРАЛА

Соларната енергија е енергија на сончевото зрачење кое го гледаме во облик на светлина и топлина со кое сонцето секојдневно не снабдува. Сонцето е најголем извор на енергија на земјата. Со непосредното зрачење со кое ја грее земјината површина и ги создава климатски услови во сите појаси, ова зрачње е одговорно и за сталното обновување на на енергијата на ветерот, морските струи, бранови, водени текови и слично. Со фотосинтеза сончевото греење се претвара во растителна маса која на тој начин постанува претворна енергија во целулоза или друг облик на јаглени хидрати. Енергијата која која протекува од посредно или непосредно зрачење на смета за обновлив извор на енергија затоа што со нејзиното користење не се нарушува рамнотежата на материја  и енергија во природата.

 Сите конвенционални фосилни горива исто така се облик на сончевото зрачење. Меѓутоа оваа енергија е акумулирана и во други процеси на геолошка и хемиска трансформација заробена под површината на земјата во облик на нафта, гас и јаглен.

Оваа енергија може да се користи на разни начини и употреби како топлотна, електрична, хемиска, или механичка енергија.

Наједноставниот на чин е собирање на сончевата енергија со помош на соларни колектори кои произведуваат топла вода, топол воздух,ел.енергија кои можат да се користат за за греење на топла вода во домакинствата, за греење базени,радијаторско и подно греење, за производство на електична енергија без која во денешно време не можеме да го замислиме животот. Уште во времето на античките грци Ксенофон опишува како со паметно градење може да се искористи сончевата енергија за греење на станбени објекти во зима. Денес во станбените објекти топлотната енергија на сонцето се користи преку пасивни и активни архитектонски  техники на градење.

Најнапреден начин е поставување на фотонапонски панели кои сончевото зрачење го претвараат во електрична енергија.

Соларната енергија во последно време има стекнато голема популарност како обновливи извори на енергија кои со себе не носат загадување кое е карактеристично кај фосилните горива.

19399248 1797362203910641 30548400430746081 n   1   62148880 2245905969056260 5812136052038565888 n  61013922 2232926920354165 4454174754340864000 n